Виница се подготвува за Павловден – најавена повеќедневна културно-забавна програма
Виница, 30 јуни – По повод Павловден, празникот на градот, Општина Виница најави повеќедневна културно-забавна програма наменета за сите генерации.
Во рамките на одбележувањето ќе се одржат и традиционалните црковни чествувања во чест на Светите апостоли Петар и Павле, небесните закрилници на Виница.

Градоначалникот Митко Костадиновски упати јавна покана до сограѓаните и жителите на целиот источен регион, заедно да ги споделат празничните денови.
„Да го одбележиме достоинствено Павловден, празник што нè обединува, нè потсетува на нашите корени и вредности и нè инспирира со заедничка визија да продолжиме да ја градиме Виница како современ, успешен и просперитетен град“, порача Костадиновски.
Деталната програма за одбележувањето на Павловден, Општина Виница ќе ја објави дополнително.


