Денеска (30.06.2026 год.) со почеток од 10 часот , Советот на Општина Виница ќе одржи 10-та редовна седница, на чиј Дневен ред се наоѓаат следниве точки:
Дневен ред
1. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето за градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Виница за 2026 година;
2. Предлог-Одлука за вршење на техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП 8.1.3 за Детален урбанистички план за Блок 8 дел 1 и 2, КО Виница Општина Виница донесен со Одлука бр.09-575 на 27.05.2025 година на Совет на Општина Виница;
3. План за оптимизација на основните училишта во општина Виница;
4. Предлог-Одлука за давање на трајно користење на недвижен имот Градски пазар – Виница;
5. Предлог-Одлука за продолжување работното време на угостителските објекти на подрачјето на општина Виница;
6. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на Празникот на градот Виница 13-ти јули Павловден;
7. Барање од ООУ „Никола Парапунов“-с.Драгобраште, Виница за обезбедување на финансиски средства за превоз на ученик со посебни потреби-физички недостаток;
8. Барање Согласност на Годишен план за вработување за 2027 година на ООУ „Никола Парапунов“-с.Драгобраште, Виница;
9. Барање од Сити Стоп Кафе и Бовис ДООЕЛ Виница, за користење на јавна површина и поставување на урбана опрема;
10. Информација за спроведување на пролетната сеидба во општина Виница во 2026 година;
11. Предлог-Решение за престанок на мандатот на в.д.членови на Надзорен одбор на ЈП за комунални работи „Солидарност“ – Виница;
12. Предлог-Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорен одбор на Јавното претпријатие за комунални работи „Солидарност“ – Виница (Јавен повик);
13. Предлог-Одлука за дополнување на Програма за култура и спорт на Општина Виница за 2026 година;
14. Барање од Макпрогрес ДОО Виница, Подружница Хотел ресторан Александар Парк – Виница, за продолжување на работното време за одржување на Фестивалот „Café De Anatolia“ и користење на јавна површина на паркингот во склоп на Александар парк и дел од детското паркче;
15. Барање од Здружение Камен мост Канели Ница, Италија на финансиски средства, за организирање на Иселенички средби во Манастирот Свети Спас – с.Драгобраште;
16. Барање од Бранка Тасева од с.Блатец, Виница на финансиска помош, за лекување;
17. Барање од Јусеин Рашидов од Виница на финансиска помош, за лекување;
18. Барање од МЗ Трсино за инвестирање во изградба на бушотина за вода во с.Трсино;
19. Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Венко Анастасов од с.Блатец, Виница;
20. Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Милка Пецовска од с.Блатец, Виница;
21. Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Кирчо Ѓорѓиев од с.Блатец, Виница;
22. Советнички прашања;
Дополнување на дневен ред
1. Решение за свикување на 10-та редовна седница на Советот на Општина Виница;
2. Барање од Димитар Христовски од Виница, за одобрување приклучок на водоводна и канализациона мрежа;
3. Предлог-одлука за покренување на иницијатива за започнување постапка за трансформација на Технолошко индустриска развојна зона „Виница“ м.в. „Поповец“, КО Виница, Општина Виница во индустриска зона согласно Законот за индустриски-зелени зони;
4. Предлог-решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на предлог на актот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Берово;
5. Барање за продолжување на работното време одобрение за псставување на бина и финансиска подршка за организирање на настан 30 години постоење на кафуле Кул;
6. Предлог-решение за службено патување во странство;

