КОГА ПОЛИТИКАТА НЕ СЕ МЕША ЈАЗИКОТ НЕ Е ПРОБЛЕМ Грчка општина објави соопштение и на македонски јазик
Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна во рок од 24 часа да ги соберат нивните предмети од плажите и порачаа дека целта е „слободни и достапни плажи за сите“.
Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад, јави дописничката на МИА од Атина.
Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна во рок од 24 часа да ги соберат нивните предмети од плажите и порачаа дека целта е „слободни и достапни плажи за сите“.
– Општина Касандра ги известува граѓаните и посетителите дека чадори, лежалки или друга придружна опрема кои се поставени или заклучени на јавен простор на крајбрежје – плажа без законско право, го ограничуваат слободното користење на просторот од страна на јавноста. Согласно одредбите од Законот 5092/2024 за заштита на јавниот карактер на крајбрежјето и плажите, сопствениците се повикуваат веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од поставувањето на известувањето, да ги отстранат предметите, соопштија од општината.


