Берово одбележа 25 години од загинувањето на четворицата бранители од воениот конфликт во 2001 година
Имињата на Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски, како што наведуваат од Општина Берово, засекогаш се врежани во македонската историја.
Пред спомен-обележјето, кое е поставено пред пет години, свежо цвеќе положија делегации од единиците на загинатите бранители, Општина Берово, семејствата, ОВР Берово, Здружението на пензионери и претставници на политичките партии.
Со пригоден реферат и едноминутно молчење им беше оддадена почит за нивниот живот и дело.
Оваа година, на местото на спомен-обележјето е поставен и јарбол со знамето под кое загинаа бранителите, како вечен симбол на нивната верност и љубов кон татковината.
Вечен спомен на хероите.

