Жителите на три села во општина Македонска Каменица утре ќе останат без електрична енергија
Електродистрибуција ДООЕЛ најави дека во среда, на 24 јуни, ќе изведува технички зафати на 10-киловолтниот далековод „Луковица – Саса“. Поради тоа, од 9 часот наутро до 14:30 попладне струја нема да има во селата Косевица, Моштица и Саса.
Од компанијата ги повикуваат домаќинствата и фирмите од овие населени места навреме да ги организираат своите активности и да ги заштитат осетливите уреди додека трае најавениот прекин.

