МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – Со голема борбеност, спортски дух и атрактивни потези заврши првото издание на меѓународниот детски турнир „Рударски Куп 2026“, во организација на ФК Каменица Саса.

Во два натпреварувачки дена на Градскиот и Помошниот стадион настапија околу 500 млади фудбалери од Србија, Бугарија и Македонија, поделени во четири возрасни категории.
Кај генерација 2014 триумфираше Куманово Еуроспорт пред Детонит Плачковица и Тиквеш. Во 2015/16 најдобар беше Вардар, следен од Борец Јуниор и Малеш. Брера Струмица славеше кај 2017/18 пред домаќинот Каменица Саса и ФА Христов, додека кај најмладите, генерација 2019, златото повторно го зеде Куманово Еуроспорт пред Брегалница Делчево и Каменица Саса.

Организаторите упатија благодарност до Рудник Саса, Општина Македонска Каменица, ЈП „Камена Река“, како и до претседателот Дејан Митревски и целиот тим од тренери, родители и волонтери. Целта е турнирот да прерасне во традиција.

