Денеска и официјално ќе биде отворен трансфер пазарот во македонскиот фудбал, со што екипите ќе може и официјално да ги регистрираат новите засилување за следната сезона.
Летниот трансфер период се отвара денес (15 јуни), а ќе биде активен до 6 септември кога истиот ќе биде затворен, за разлика од летниот, зимскиот трансфер период е од 15 јануари до 11 февруари.
Клубови во изминатиот период не беа многу активни со промовирање на играчи, но се очекување со отварање на летниот трансфер пазар активирање на екипите како од Првата така и од Втората лига, но тука се вклучува и женскиот фудбал како и футсалот, но и екипите од понизок ранг на натпреварување. објавува Журнал.мк

