М-Р МИРАН МИТРЕВСКИ СО ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО МАКЕДОНСКИТЕ ДРУШТВА И ДОМАЌИНИТЕ ВО ШВАЈЦАРИЈА
М-р Миран Митревски од Македонска Каменица, по престојот во Швајцарија упати јавна благодарност до македонските друштва и до домаќините кои го пречекаа со голема срдечност.
Повод за обраќањето беше неговото присуство на „Македонската вечер“ во Ешалан, во организација на Македонското друштво „Македонија“ Ешалан. Митревски посебна благодарност упати до претседателот на друштвото Никола Мирчев и до целиот организациски тим.

„Ми беше чест и задоволство да бидам дел од овој прекрасен настан, кој помина во атмосфера исполнета со македонски дух, традиција и дружење. Вашата љубезност и посветеност оставија силен впечаток и ќе останат во трајно и убаво сеќавање“, изјави Митревски.
Тој истакна дека особена благодарност заслужуваат Вања Мицева и Виктор Василев за несебичната грижа и поддршка за време на престојот.
Во продолжение од посетата, Митревски упати благодарност и до Марјан Маџовски, претседател на Македонското културно друштво „Пијанец“ од Пуиду, за топлото гостопримство и пријателската поддршка.

„Ваквото внимание, човечка топлина и искрено пријателство претставуваат вистински пример заедништвото и солидарноста меѓу Македонците ширум светот. Ми беше чест да се сретнам со нашите сонародници кои со гордост ја чуваат и негуваат македонската традиција, култура и идентитет далеку од татковината“, додаде тој.
Митревски во името на семејството и на Македонска Каменица им се заблагодари на сите сограѓани во Швајцарија кои со својата посветеност ја чуваат врската со татковината.

