Костадиновски по средбата со заменик министерот Марјан Ристевски: Виница останува отворена за инвестиции
Виница продолжува да привлекува нови инвестиции и да гради партнерство со централната власт. Денеска во кабинетот на градоначалникот се одржа работна средба помеѓу градоначалникот Митко Костадиновски, пратеничката Даниела Христова и заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски.
На средбата се разговараше за актуелната економска состојба, можностите за развој на локалната економија и поддршката што државата може да ја обезбеди за домашните компании и инвестициските проекти.
Градоначалникот Костадиновски ја нагласи важноста од координација меѓу локалната и централната власт: „Добрата комуникација со Владата е клучна за да донесеме нови инвестиции и да создадеме услови за раст на компаниите кои вработуваат наши сограѓани“.
Средбата се одржа во рамки на пуштањето во употреба на новата производна линија во компанијата „Макпрогрес“, инвестиција што го зајакнува стопанството во Виница.
„Продолжуваме посветено да работиме секој инвеститор да има поддршка, за да имаме повеќе работни места и подобар стандард за сите граѓани“, порача Костадиновски.

