Првачињата од Македонска Каменица ја посетија полициската станица за Денот на полицијата
Денес, по повод Денот на полицијата, учениците од прво одделение ја посетија полициската станица во градот.
При посетата децата се запознаа со работата на полициските службеници и нивната улога во заштитата на граѓаните.
Од училиштето упатија честитки и благодарност до полицијата за храброста, посветеноста и секојдневната грижа за безбедноста.




