Вонредна седница на Советот во Општина Делчево поради штети од голомразица кај голем дел од овоштарниците
Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, ја информираше јавноста дека овоштарниците на територијата на општината се соочуваат со состојба на измрзнување по минусните температури во првите денови од мај.
„Состојбата ја следиме директно на терен и информациите ги добиваме од самите ниви, во корелација со нашите земјоделци“, -изјави Гоцевски.
Согласно член 26 и член 27 од Статутот, тој му предложил на Претседателот на Советот свикување вонредна седница уште следната недела.
На седницата, според член 42 став 6, ќе предложи да се констатира природна непогода – голомразица што ја зафати општината и предизвика огромни штети врз овошните насади.
Целта е да се овозможи обесштетување на земјоделците од Делчево. Јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните чекори, – стои на крајот од соопштението


