Искрени честитки за првото новороденче – девојче во 2026 година во Македонска Каменица
Редакцијата на Каменица.мк и сите граѓаните на Македонска Каменица, со радост ја примија убавата вест и упатуваат искрени и срдечни честитки до родителите Адријана и Антонио за раѓањето на првото новородено девојче во 2026 година.
Малата принцеза пристигна како прво бебе во Новата година, носејќи радост, надеж и топлина за своето семејство и за целата заедница.
Со желби нивната ќерка да расте жива и здрава, опкружена со љубов, среќа и безброј насмевки, Македонска Каменица се радува заедно со нив.

