Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство
10.500 турски граѓани побарале македонско држајаванство во изминативе четири години, покажуваат податоците од МВР
Зголемувањето на барањата наза македонско државјанство, според МВР се должи на измени на Законот за државјанство во 2021
Бизнис, вработување и образование се причините за миграција на Турци во Северна Македонија
Луѓето кои бараат македонско државјанство поради брак со Македонка, по основ на македонско потекло во изминативе четири години вкупно 10 500 турски граѓани побарале македонско државјанство, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Овие луѓе, според МВР, се државјани на Турција кои во македонските институции треба да докажат дека се иселеници од земјава, и дека имаат македонско етничко потекло.
Од МВР се вели дека причината за порастот на бројот на баратели за македонско државјанство се должи на последните законски измени.
„Законските измени во 2021 година придонесоа за енормно зголемување на бројот на барања за стекнување на македонско државјанство од иселеници кои живеат во Република Турција“, велат од МВР.
Новата дефиниција на „иселеник“ во Законот за државјанство
Станува збор за измени на законот за државјанство поднесени од тогашната Влада предводена од коалицијата на СДСМ и ДУИ.
Тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски предложил во Собранието измени на законот со кој се дефинира што е иселеник.
Според законот, иселеникот и неговиот потомок од прво колено, може да се стекнат со македонско државјанство без при тоа тие да живеат во земјава, без да знаат доволно македонскиот јазик и без отпуст од претходното државјанство, правило што важи за странците.
„Иселеник, во смисла на овој закон, се смета граѓанин на Република Северна Македонија кој се иселил од Република Северна Македонија во друга држава, без оглед на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба“, се вели во законот за државјанство.

