ЈП „Камена Река“ продолжува со уредување на локалните патишта
Македонска Каменица, 24 декември 2025 година – Екипи на ЈП „Камена Река“ деновиве реализираа активности за чистење и средување на вегетацијата покрај дел од регионалниот пат Македонска Каменица – Саса и локалните патишта во село Моштица.

Од јавното претпријатие информираат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период на локалните патишта во сите селски средини, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, подобрување на уредноста и обезбедување подобар пристап за граѓаните.


