
Делчево, 22 декември 2025 – Денес во Градскиот парк во Делчево, мајката Радмила Симевска заедно со нејзината ќерка Илина, ќе организираат продажба на домашно приготвени слатки – трилече, толумби, чај, кафе – како и уникатни восочни и гипсени фигури. Со продажбата на изработените производи, тие ќе покажат што значи вистинска хуманост, бидејќи целата собрана сума ќе биде донирана за чичко Мац (Mac Jedini Dimitrovski), за да му помогнат во неговите потреби.
„Сакаме да ја научиме Илина уште од мала дека помагањето на другите е вистинска вредност“, изјави Радмила.
Сите граѓани се поканети да се приклучат и заедно да покажат колку можат да бидат хумани. Продажбата започнува вечерва во 18:00 часот во Градскиот парк во Делчево.
Текстот, за потреби на хуманитарната кампања, е преземен од delcevo365.mk



