Учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, заедно со наставниците и родителите, организираат Новогодишен базар. Истиот, ќе започне во 16:30 часот, на 25 декември 2025 година, на градскиот плоштад.
На базарот ќе бидат изложени рачно изработени новогодишни украси, домашни колачи и торти, подготвени со голема посветеност од учениците и нивните наставници. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во празнична музика, детската радост и топлата новогодишна атмосфера.

„Новогодишниот базар е резултат на заедничкиот труд, креативност и ентузијазам на нашите ученици, наставници и родители. Преку ваквите настани училиштето активно се вклучува во одбележувањето на претстојните празници“ изјави директорката на училиштето, Александра Ѓеоргиевска.
Таа додаде дека ваквите активности имаат и силна воспитно-образовна улога: „Учениците учат за тимска работа, хуманост и споделување, а воедно ја развиваат својата креативност и самодоверба.“

Од училиштето упатуваат покана до сите граѓани да го посетат Новогодишниот базар и да бидат дел од празничната атмосфера, истакнувајќи дека присуството на публиката е најголема поддршка и награда за трудот и талентот на учениците.
