Општина Виница и Црвениот крст – Виница со Меморандум за соработка
Општина Виница и Општинската организација на Црвениот крст – Виница потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зацврстува заедничката заложба за унапредување на хуманитарните, социјалните и општествено корисни активности во локалната заедница. Со документот се воспоставува континуирана и партнерска соработка, насочена кон поддршка на граѓаните и промоција на хуманите вредности.

Како прва заедничка активност, на 4 март ќе се реализираат активности по повод одбележувањето на датумот на загинување на Капетан Кирчо Димитриов, во знак на сеќавање и почит кон неговото херојство. Општина Виница и Црвениот крст – Виница најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со заеднички иницијативи во интерес на граѓаните и развојот на локалната заедница.

