До сите кои учествуваа во проектот safe city!
Како Словенија го има решено она што кај нас уште не можеме да го разбереме: Булевари со 70 км/ч и вистински Safe City?
Во моментов сум во Словенија и морам да кажам — тука Safe City навистина функционира. Не само во делот со надзорот, туку во целокупната организација на сообраќајот.

Кај нив, сите булевари се ограничени на 70 км/ч, што е сосема логично за градски магистрали. Брзината се намалува на 50 само пред кружни текови и критични точки, што ја прави возачката динамика природна и предвидлива. Кај школи е 30км/ч.
Она што дополнително ме воодушеви е тоа што знаците за ограничување се поставени после секој семафор, така што нема дилеми, нема паника, нема постојано гледање во апликации за камери – сè е јасно и транспарентно.
И покрај тоа што и тука работи Safe City системот, протокот на возила е одличен. Нема непотребни забавувања, нема гушење на лентите, нема хаос. Исто така, нема пешачки премини на секои 200 метри, туку пешачката инфраструктура е логично распоредена — мостови, подземни премини, добро обележани раскрсници.
Ова е пример како треба да изгледа модерен градски сообраќај:
– оптимални ограничувања
-логична сигнализација
-безбедност и проток
– Safe City што функционира наместо да нервира
Ќе ставам видео и слики за да се види убаво како изгледа ова во пракса: https://www.facebook.com/share/v/1EkQvUhAdF/

