На 15 ноември 2025 година, полициски службеници од СВР Штип реализираа повеќе превентивни активности на подрачјето на Штип, како дел од кампањата „Вози безбедно – стигни сигурно“. Активностите беа спроведени во Централно градско подрачје на Штип, на магистралниот пат Штип-Велес, како и во Виница, Делчево и Македонска Каменица.
Главната цел на овие активности беше подигнување на свеста кај возачите за важноста на користење на зимска опрема и правилна подготовка на возилата за зимски услови. Во рамки на превентивната кампања, на возачите им беа делени летоци со корисни совети за безбедно управување на патиштата, а полициските службеници во непосреден контакт им укажуваа на значењето од навремена проверка на гумите, сопирачките и дополнителната опрема.

Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за подобрување на безбедноста во сообраќајот и превенција на сообраќајни незгоди, особено во услови на зимски метеоролошки непогоди.


