Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, заедно со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Кочани, полициските службеници од ОВР Кочани и Општина Кочани, спроведоа теренска акција на подрачјето на градот и на експресниот пат Штип – Кочани. Целта беше да се потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.
Активноста имаше превентивно-едукативен карактер и беше насочена кон безбедното учество во сообраќајот во зимски услови. Возачите позитивно ги прифатија препораките, а службите упатија апел за приспособување на брзината, одржување растојание и внимателно возење.
Нагласено беше дека возилата мора да имаат зимски пневматици и соодветна зимска опрема, со што значително се зголемува безбедноста за сите учесници во сообраќајот.


