Општина Виница, во соработка со МВР – ПС Виница, од 1 декември 2025 година ја започнува акцијата „Чиста Општина 2026“, со цел отстранување на хаварисани, напуштени и нерегистрирани моторни и приклучни возила, како и земјоделски машини оставени на јавни површини.
Акцијата ќе се спроведува во три фази. Првата фаза, која ќе трае од 1 до 31 декември, опфаќа детектирање на сите локации каде се наоѓаат вакви возила. Во втората фаза, во периодот од 1 до 31 јануари, на возилата ќе бидат поставени налепници со рок за нивно задолжително отстранување. Третата фаза започнува на 1 февруари 2026 година и предвидува изрекување казни за сите сопственици кои нема да постапат во дадениот рок.
Градоначалникот Митко Костадиновски ги повикува граѓаните навремено да ги отстранат оставените возила и машини и со тоа да придонесат за почиста општина и подобра животна средина.


