Јавен повик до семејства со ученици од прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ за доделување еднократна парична помош за учебната 2025/2026 година
Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со ученик запишан во прва година во СОУ,, Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица бр.08-1899/1 од 27.09.2023 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот:
ЈАВЕН ПОВИК
Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот упатува Јавен повик до семејства со ученик запишан во прва година во СОУ,, Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица, во гимназиско образование; текстилно-кожарска струка; геолошко-рударска и металуршка струка; машинска струка, за доставување на барање за доделување на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Македонска Каменица за учебната 2025/2026 година.
Јавниот повик не се однесува за оние ученици од машинска струка кои ќе остварат стипендија од Министерството за образование и наука.
За остварување на правото, потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица со следните документи во прилог:
- Потврда во оригинал за запишан ученик во прва година и дека ученикот не е корисник на друга стипендија, издадена од СОУ,,Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица;
- фотокопија на извод од матична книга на родените (за ученикот во прва година запишан во СОУ,,Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица).
- Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа за еден од родителите/старателите и
- Фотокопија од активна трансакциска сметка за истиот родител/старател од кој е приложена копија од лична карта или патна исправа.
Потребната документација може да се достави до Архива на Општина Македонска Каменица (соба бр.1) или на е-адресата на Општина Македонска Каменица opstina@makedonskakamenica.gov.mk во рок од 7 дена сметано од денот на објавувањето на Јавниот повик.
Семејствата на ученици од машинска струка кои ќе бидат одбиени за стипендија од МОН, можат да достават барање до Општина Македонска Каменица и по истекот на рокот.
Раководител на Одделение за правни
и општи работи и јавни дејности
Анета Темчева
Општина Македонска Каменица
Градоначалник
Соња Стаменкова

