Врз основа на член 22 став 1 точка 8 и член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Република Македонија бр 5/2002;202/24), член 49 од Статутот на Oпштина Македонска Каменица (,,Службен гласник на Oпштина Македонска Каменица бр.20/19, 38/20, 33/24), член 6 од Правилник бр.2184/1 од 25.10.2024 година за доделување на стипендии на талентирани ученици во основно и средно образование запишани во општинските и државни училишта и на талентирани студенти запишани на државните универзитети, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица распишува:
К О Н К У Р С
За доделување 20 (дваесет) стипендии на талентирани ученици во основно и средно образование запишани во општинските и државни училишта и на талентирани студенти запишани на државните универзитети за учебната 2025/2026 година
Општина Македонска Каменица за учебната 2025/2026 година ќе додели 20 (дваесет) стипендии за талентирани ученици во основно и средно образование запишани во општинските и државни училишта и на талентирани студенти запишани на државните универзитети.
УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат ученици и студенти кои се:
- Жители на Општина Македонска Каменица (градот и населените места кои припаѓаат на Општина Македонска Каменица);
- Не се корисници на стипендија или друга финансиска поддршка од некои други институции или компании;
- Учениците од основното образование да се редовни ученици во осмо или во деветто одделение;
- Учениците од средното образование да се редовни ученици во втора; во трета или во четврта година;
- Редовните студенти кои се заинтересирани за доделување на стипендии можат да се пријават започнувајќи од втора студиска година.
Критериуми за доделување на стипендиите на учениците се:
Остварен успех од 5,00 (пет) во текот на претходните учебни години. По овој основ ученикот добива 50 бода.
- Оправдани изостаноци во последната учебна година се бодираат на следниот начин:
| Ред.бр. | Оправдани изостаноци | Бодови |
| 1. | Нема изостаноци | 7 |
| 2. | До 50 изостаноци | 5 |
| 3. | Од 51 до 100 изостаноци | 2 |
| 4. | Над 100 изостаноци | 0 |
- Неоправдани изостаноци се бодираат на следниот начин:
| Ред.бр. | Неоправдани изостаноци | Бодови |
| 1. | Нема изостаноци | 5 |
| 2. | До 4 изостаноци | -1 |
| 3. | Од 5 до 9 изостаноци | -3 |
| 4. | Од 10 до 20 изостаноци | -6 |
| 5. | Над 20 изостаноци | -10 |
- Учество и освоени награди на регионални, државни, меѓународни натпревари и олимпијади.
(За награди освоени на регионално и државно ниво ќе се признаваат само награди доделени од акредитирани здруженија на наставниците од страна на МОН кои организираат натпревари на ученици).
| Освоено место | Регионален натпревар | Државен натпревар | Меѓународен натпревар | Олимпијади |
| 1 место | 4,5 | 15 | 19 | 17 |
| 1 награда | 4 | 13 | 17 | 15 |
| 2 место | 3,5 | 11 | 15 | 13 |
| 2 награда | 3 | 10 | 14 | 11 |
| 3 место | 2,5 | 8 | 12 | 10 |
| 3 награда | 2 | 7 | 10 | 8 |
| Пофалница | 1,5 | 5 | 9 | 7 |
| Учество | 1 | 3 | 7 | 5 |
- Бројот на бодови за ангажмани и постигнати резултати во слободни ученички активности се доделува по следните критериуми:
| Вид на слободни активности | Број на бодови |
| Воннаставни активности на училишно ниво | 1 |
| Воннаставни активности на општинско ниво | 2 |
| Воннаставни активности на регионално ниво | 3 |
| Воннаставни активности на државно ниво | 4 |
| Воннаставни активности на меѓународно ниво | 6 |
(Доколку ученикот има ангажман во повеќе воннаставни активности, резултатите се собираат, но не можат да надминат повеќе од 6 бода).
- Објавени трудови на учениците – 5 бода.
Критериуми за доделување на стипендиите на студентите се:
- Остварен просечен успех во текот на студирањето за последната учебна година:
| Просечен успех | За студенти на општествените науки и факултетите од уметностите… | За студенти на техничките науки и медицинските науки |
| 9.51 – 10.00 | 90 | 100 |
| 9.21 – 9.50 | 80 | 90 |
| 8.91 – 9.20 | 70 | 80 |
| 8.61 – 8.90 | 60 | 70 |
| 8.31 – 8.60 | 50 | 60 |
| 8.00 – 8.30 | 40 | 50 |
- Освоени награди на државни и меѓународни натпревари и олимпијади
| Освоено место | Државен натпревар | Меѓународен натпревар | Олимпијади |
| 1 место | 15 | 30 | 25 |
| 2 место | 10 | 20 | 15 |
| 3 место | 5 | 10 | 7 |
| Пофалница | 5 | 9 | 7 |
| Учество | 3 | 7 | 5 |
- Општествени и интелектуални иницијативи на студените (учество во хуманитарни акции, учество на семинари, конференции, образовни проекти, благодарници и сл.) ќе се бодираат по 1 бод.
(Доколку студентот има ангажман во повеќе активности, резултатите се собираат, но не можат да надминат повеќе од 6 бода).
- Објавени стручни трудови од областа во која се оспособува – 5 бода.
- НАЧИН И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Потребните документи можете да ги симнете од овој линк
https://makedonskakamenica.gov.mk/wp-content/uploads/2025/11/konkurs_stipendii_2025_26.zip
Кандидатите кои ги исполнуваат условите од Конкурсот поднесуваат пријава кон која ги приложуваат следните документи :
1.За сите кандидати :
- Фотокопија од лична карта и трансакциска сметка на ученикот/студентот ( доколку ученикот/студентот не ги поседува документите, тогаш се доставува фотокопија од лична карта и трансакциска сметка на законскиот застапник на ученикот – родител / старател);
- Изјава од родител/старател, односно од студентот, заверена кај Нотар дека ученикот/студентот не е корисник на стипендија или друга финансиска поддршка од некои други институции или компании и дека доставените документи се веродостојни и верни на оригиналот;
- Изјава потпишана од родител/старател, односно од студентот за обработка на личните податоци на кандидатот и законските застапници, за целта за која се поднесени документите кои ги содржат личните податоци.
- Копија од документ кој потврдува освоени награди на регионални, државни, меѓународни натпревари и олимпијади;
- Копија од потврда или благодарница за учество во слободни ученички/студентски активности;
- Копија од насловната страна на издаден труд.
а) За ученици во основно образование:
- Оригинал потврда за редовен ученик во општинско училиште со податок за бројот на оправдани и неоправдани изостаноци;
- За кандидати од осмо одделение копија од свидетелства за завршено шесто и седмо одделение:
- За кандидати од деветто одделение копија од свидетелства за завршено шесто; седмо и осмо одделение:
б) За ученици во средно образование:
- Оригинал потврда за редовен ученик во општинско и државно училиште со податок за бројот на оправдани и неоправдани изостаноци;
- За кандидати од втора година копија од свидетелство за завршена прва година;
- За кандидати од трета година копија од свидетелства за завршена прва и втора година;
- За кандидати од четврта година копија од свидетелства за завршена прва; втора и трета година.
в) За студенти:
- Оригинал потврда за редовно запишан зимски семестар во соодветната студиска година на државен универзитет;
- Уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот ги има положено 100% од испитите од претходните години.
- Копија од индекс за податоците за редовност на настава.
- Пријавите и потребните документи се поднесуваат до Архивата на Општина Македонска Каменица или по пошта на адреса :
- Општина Македонска Каменица, улица ,,Каменичка,, број 2 Македонска Каменица.
Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето на ВЕБ страната на Општината.
Ненавремените и некомплетните документи не се разгледуваат.
Одлуката за доделување на стипендии на кандидати според утврдената ранг листа ќе биде јавно објавена на ВЕБ страната на Општината.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од 10 (десет) месеци за времетраењето на учебната 2025/2026 година.
Раководител на одделение за правни
и општи работи и јавни дејности
Анета Темчева
Општина Македонска Каменица
Градоначалник
Соња Стаменкова

