Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој се наоѓа во работна посета во Романија, денес, 13ти ноември, ги посети припадниците на македонскиот контингент кои се распоредени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF.

Дополнително, на покана на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Ѓеорѓица Влад, генералот Лафчиски, присуствуваше на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Dacian Fall 2025“, која се реализираше во период од 20 октомври до 13 ноември, на полигонот за обука во Чинку. Ова мултинационалната вежба, обедини околу 5000 војници од 10 земји членки на НАТО, а на истата се потврди подготвеноста, соработката и единството на Алијансата.
Генералот Лафчиски, за време на престојот во Романија, оствари средби и со командантот на Мултинационалниот корпус југоисток, генерал-потполковник Кристијан Дан и командантот на Мултинационалната дивизија југоисток, генерал-мајор Дорин Тома, на кои беше истакнат професионализмот и придонесот на македонските војници кои се распоредени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF.


