
Македонска Каменица, 21. Октомври 2025 година – Локалните патишта во Луковица и Тодоровци, како и мостот во Саса значајно ја подобруваат мобилноста и поврзаноста на жителите од овие рурални средини во Македонска Каменица.
Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, информира дека се целосно завршени локалните патишта до Шатковско и Тангарско маало во село Луковица, како и патот „На Ридо“ во село Тодоровци.
Исто така, денеска градоначалникот изврши увид и во изградбата на мостот на Јагодина Река во село Саса, кој ги поврзува маалата Букоравенско, Капетанско и Аризанци. Мостот ќе ја зголеми безбедноста, мобилноста и поврзаноста на жителите од планинските делови на општината.

„Продолжуваме со конкретни дела за развој на секое село и населено место. Работиме за подобри услови за секое семејство, секој дом и за секој граѓанин на Македонска Каменица“, изјави Атанасовски.
Градоначалникот Димчо Атанасовски најавува дека општината ќе продолжи со реализација на инфраструктурните проекти кои директно го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните.

