Од управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Во Македонска Каменица, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

