Македонското друштво „Заедно – Insieme“ учествуваше на работна средба со претседателката Гордана С. Дафкова во Венеција
Денес Македонското друштво „Заедно – Insieme“ учествуваше на работна средба организирана од Генералниот конзулат на Република Македонија во Венеција. На средбата присуствуваше и Претседателката на Република Македонија, што за друштвото претставува голема чест и мотив за уште поголема посветеност во своите активности.
„Благодарни сме што бевме дел од овој значаен настан за нашата заедница и за поддршката што ја добиваме од нашата татковина“, истакнаа од друштвото.
Настанот ја потврди важноста на одржувањето на врските со македонската дијаспора и поддршката на заедничките иницијативи во Италија.


