
По повод 11 Октомври, градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој ден е симбол на борбата на македонскиот народ за слобода, достоинство и државност.
Атанасовски порача дека со почит кон генерациите борци, треба да се продолжи со изградба на просперитетна, стабилна и современа Република Македонија.
„Нека е честит и вековит националниот празник — 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ,“ порача градоначалникот.


