По повод Детската недела дечињата од градинката „Бамби“ го посетија кабинетот на градоначалникот Атанасовски
Во рамки на Детската недела, дечињата од Детската градинка „Бамби“, вчера го посетија градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Посетата, како што истакна градоначалникот Атанасовски, внесе радост и ведрина во неговиот кабинет, исполнет со детски насмевки и искреност.

„Посетата на најмладите каменичани ми го разубави денот. Важно е да продожиме да создаваме услови за нивно среќно детство и квалитетно образование,“ изјави градоначалникот Атанасовски.
Децата му подарија рачно изработен подарок, за кој Атанасовски искрено им се заблагодари и им посака добро здравје, многу радост и безгрижни детски денови исполнети со дружење и учење.

Во разговорот со воспитувачките, беа разменети идеи за активности насочени кон унапредување на условите за престој и работа во градинката.
„Грижата за најмладите е наша најубава должност и највисока обврска, затоа што тие се иднината на Македонска Каменица,“ додаде Атанасовски.


