Успешно реализирана хуманитарна акција по повод 1 Октомври – Меѓународен ден на старите лица
По повод одбележувањето на 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица, успешно беше реализирана хуманитарна акција за детално испитување на крвна слика, наменета за постарите жители на општина Македонска Каменица.
Акцијата имаше за цел подигање на свеста за грижата и вниманието кон постарите лица, како и промовирање на превентивната здравствена заштита.
Од Здружението на пензионери Македонска Каменица упатуваат искрена благодарност до медицинскиот тим на биохемиската лабораторија при ПЗУ „Акус Медика“ за професионалната соработка, хуманоста и посветеноста при спроведувањето на оваа акција.


