ЈП „Камена Река“ започнува со редовно чистење на оџаците во колективните станбени објекти во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 06. Октомври 2025 година – Со цел спречување на можни пожари и зголемување на безбедноста во станбените објекти, Јавното претпријатие „Камена Река“, во зависност од временските услови, во следните денови ќе започне со редовно чистење на оџаците во зградите за колективно домување во Македонска Каменица.
Претпријатието упатува известување со апел до граѓаните да ги почитуваат насоките и препораките дадени од службите на ЈП „Камена Река“.
Се известуваат станарите дека:
-
Доколку не сакаат да се изврши чистење на оџаците во нивната зграда, потребно е претставникот на зградата навремено да го извести ЈП „Камена Река“.
-
За време на чистењето, станарите да не ги користат печките за греење.
-
Корисниците ќе бидат благовремено известени, најдоцна еден ден однапред за термините на чистење, според претходно утврден распоред.
-
Обврска на станарите е да ги исчистат чистачите на оџаците; во спротивно, претпријатието не сноси одговорност за евентуални последици.
ЈП „Камена Река“ апелира до сите граѓани да соработуваат и да придонесат за побезбедна и поуредна грејна сезона.

