Објавена утврдената листа на кандидати за членови на Совет на Општина Македонска Каменица
Македонска Каменица, 26 септември 2025 – Општинската изборна комисија Македонска Каменица, врз основа на член 69 од Изборниот законик, ја објави утврдената единствена листа со кандидатури за членови на Советот на Општина Македонска Каменица.
На изборите ќе учествуваат:
5. „Коалиција за локални избори 2025 година“, предводена од СДСМ – со носител Мартин Малчев.
6. Левица – со носител Дејанчо Стоиловски.
9. Коалиција „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ – со носител Гоце Стоиловски.
13. Партија на пензионери – со носител Лазо Стаменковски.
28. Македонска акција (МААК) – со носител Ванчо Ванѓеловски.
84. Група избирачи – Злате Алексовски.
130. Група избирачи – Јаворка Соколовска.
Изборната кампања за локалните избори започнува на 29 септември, а првиот изборен круг е закажан за 19 октомври 2025 година.
Исто така, за денеска, 26 септември, со почеток во 14:00 часот, е најавено потпишување на Кодексот за фер и демократски избори од страна на кандидатите за градоначалници, во просториите на Општинската изборна комисија Македонска Каменица.

