Станарите на Кула 1 набавија нов противпожарен систем. Инсталирањето го спроведоа во соработка со ТППЕ Каменица
Македонска Каменица, 18. Септември 2025 година – Жителите на Кула 1 во Македонска Каменица набавија и поставија нов противпожарен систем во нивниот станбен објект.
Со сопствени средства тие обезбедија црево со пречник од 52 мм, стабилна спојка со редуктор fi 52 мм, млазница и пет противпожарни апарати, со што ја зголемија безбедноста и заштитата од можни пожари.

Ваквиот одговорен однос на станарите претставува пример за зајакнување на колективната безбедност и превенција од ризици во секојдневието.
Во целата активност, станарите од Кула 1 соработуваа со Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица, која даде професионална поддршка при инсталацијата на ПП системот.

Од ТППЕ Македонска Каменица апелираат до сите куќни совети во градот, да набават противпожарни системи во своите објекти и истакнуваат дека им стојат на располагање за поддршка при нивното инсталирање.

