Одбележани седум години од работата на Дневниот центар во Македонска Каменица
Во Македонска Каменица денеска беше одбележана седумгодишнината од почетокот со работа на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Настанот помина во присуство на градоначалникот Димчо Атанасовски и в.д. директорката Александра Трајановска со штитениците и вработените при центарот.
„Ќе продолжиме заедно да градиме средина исполнета со љубов, почит и поддршка, во која секој човек е прифатен и вреднуван,“ истакна градоначалникот Атанасовски.
Градоначалникот Атанасовски, во име на Општина Македонска Каменица најави дека ќе продолжи силната поддршка кон Дневниот центар, со цел подобрување на условите за работа и унапредување на услугите за лицата со посебни потреби.

