Општинската организација на Црвениот крст во Делчево започна со услуга за лична асистенција
Делчево – Општинската организација на Црвениот крст (ООЦК) во Делчево започна со испорачување на услугата лична асистенција за лица со тешка и најтешка телесна попреченост, како и за потполно слепи лица на возраст од 6 до 65 години од Делчево.
„Оваа услуга има за цел да им овозможи поголема самостојност и подобар квалитет на живот на лицата со попреченост. Нашата организација е посветена на тоа да обезбеди поддршка каде што е најпотребна“, изјавија од ООЦК Делчево.
Заинтересираните лица можат да добијат повеќе информации на телефонскиот број 033/412-010, во просториите на Општинската организација на Црвениот крст Делчево или во ЈУ МЦСР Делчево.

