Горан Ангелов именуван за нов директор на Агенцијата за иселеништво
Скопје, 10 февруари – Денеска во просториите на Агенцијата за иселеништво се одржа примопредавање на должноста помеѓу досегашниот директор, Слободан Близнаковски, и новоназначениот директор, Горан Ангелов.
На официјалната средба, директорот Ангелов ги истакна своите планови за идното работење на Агенцијата, нагласувајќи ја важноста на унапредување на комуникацијата и соработката со македонските иселеници ширум светот.
„Очекуваме уште поголема соработка со нашите иселеници во наредниот период, со цел поактивно вклучување во процесите што ги засегаат нивните интереси“, изјави Ангелов.
Агенцијата за иселеништво продолжува со својата мисија за зајакнување на врските меѓу иселениците и матичната држава, преку различни иницијативи и проекти кои имаат за цел подобрување на нивните права и можности за поврзување со Македонија.


