Македонска Каменица, 05. Февруари 2025 година – Во рамки на напорите за унапредување на локалната инфраструктура и туристичките потенцијали, градоначалникот Димчо Атанасовски одржа работна средба со директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков, и досегашната директорка, Зуица Ангелова. На средбата беа разгледани тековните и идните проекти во Општина Македонска Каменица и регионот.
На состанокот присуствуваа и претставници од Општина Македонска Каменица, кои активно учествуваат во спроведувањето на проектот „Преку подобро искористување на природното и историското наследство до зголемена туристичка атрактивност на прекуграничниот регион“. Овој проект вклучува „Обележување и трасирање на велосипедска патека по сртот на Осоговските Планини во Македонска Каменица“, чија подготовка е во завршна фаза, пред официјалното потпишување на договорот за реализација.

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, истакна: „Овој проект е од особено значење за нашата општина, бидејќи ќе придонесе за развој на туризмот и економијата во регионот. Со добрата соработка со Центарот за развој на Источно планскиот регион, успеваме да реализираме значајни проекти кои ќе имаат долгорочен позитивен ефект врз нашите граѓани.“
Дополнително, на средбата се дискутираше за идни проекти кои ќе бидат спроведени во соработка со Центарот за развој на Источно планскиот регион. Градоначалникот Атанасовски додаде: „Посветено работиме на подобрување на локалната инфраструктура и туристичката понуда. Секој проект што го спроведуваме има за цел да создаде подобри услови за живот и развој на нашата заедница.“

Општина Македонска Каменица останува посветена на реализацијата на проекти од интерес на граѓаните, со континуирано работење и активна соработка за унапредување на квалитетот на живот во општината и поширокиот регион.


