Ловот на дива свиња е завршен, известуваат од ЛД “М.Каменица Саса” – Почнува период на активности за заштита на дивечот и подготовки за новата ловна сезона

Македонска Каменица – Ловното друштво „М. Каменица-Саса“ информира дека согласно Законот за ловство на Република Македонија, ловот на дива свиња официјално е завршен. Овој период од годината е од клучно значење за природната репродукција на дивечот, поради што е неопходно да се обезбеди мир во ловиштата.

Во претстојниот период, ќе се организираат хајки за отстрел на штетен дивеч, со цел заштита на младенчињата на полезниот дивеч. Дополнително, во месец февруари, ловечкото друштво ќе организира Ловечка вечер, како потврда за успешната ловна сезона.
Ловното друштво “М.Каменица Саса” најавува низа активности за подобрување на условите во ловиштето, кои вклучуваат:
- Подобрување на земјените патишта (порамнување со механизација и чистење од гранки и трње);
- Изградба на чеки за отстрел и набљудување;
- Поставување на хранилки и поилки за дивечот;
- Подигање на едно- и повеќегодишни ремизи за прехранување на дивечот;
- Редовно пролетно и есенско пребројување на дивечот.
Овие активности се насочени кон создавање оптимални услови за заштита и унапредување на дивечот, како и подготовка за новата ловна сезона.

Од Ловното друштво “М.Каменица Саса” упатуваат апел за почитување на правилата за лов
Ловечкото друштво упатува апел до сите ловци и граѓани за строго почитување на правилата. Непочитувањето на забраната за лов, криволовството, пуштањето гоничи во ловиштата, или оддалечувањето на овчарските кучиња повеќе од 300 метри од стадото, ќе биде строго санкционирано.

„Да го заштитиме дивечот, бидејќи без дивеч нема ловство!“, се вели во пораката на ловечкото друштво
Со љубов кон дивечот и природата,
Ловечко друштво „М. Каменица-Саса“
Претседател: Гоце Стоиловски

