Интензивно расчистување на снегот во Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица спроведува интензивни активности за расчистување на снегот од градските улици, како и од локалните патишта во приградските и руралните средини. Во оваа акција се ангажирани механизацијата на економскиот оператор задолжен за зимско одржување и Јавното претпријатие „Камена Река“.
Екипите, со целокупната расположива механизација, ќе останат на терен до целосно расчистување на сите патни правци. Денеска е планирано комплетно расчистување на градските улици и главните локални патишта во руралните средини. Дополнително, вработените од „Камена Река“ активно чистат јавни површини и пристапните патеки до јавните институции.
Општината упатува благодарност до граѓаните за трпението и разбирањето, апелирајќи за зголемена внимателност во сообраќајот. Акциите за зимско одржување продолжуваат и во текот на вечерните часови, со цел обезбедување безбедност и функционалност на јавните површини.




