Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски заедно со директорите на јавните и образовни институции, како и граѓани на Македонска Каменица учествуваше во екоакцијата за пошумување кај село Истевник во Делчево.

Македонска Каменица, 14. Декември 2024 година – Во рамки на масовната екоакција за пошумување, организирана од ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево, денеска кај село Истевник беа засадени над 6.000 разновидни садници. Настанот, од страна на градоначалникот Атанасовски, беше окарактеризиран како значаен чекор кон обновување на шумите во Источниот регион на Македонија, поддржаа бројни граѓани, волонтери и институции.
– Особена чест и задоволство беше учеството на премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, директорот на Македонски шуми, како и пратениците Драган Ковачки, Миле Лефков и Јохан Тарчуловски. Заедно со претставници од јавни и образовни институции, претпријатија и организации од целиот регион, тие дадоа поддршка за оваа значајна иницијатива, – вели Атанасовски во соопштението за јавност

„Секое засадено дрво е симбол на надеж и заложба за подобар свет со чиста и здрава животна околина. Ова е важен чекор кон позелена и одржлива иднина,“ – додаде градоначалникот Атанасовски, изразувајќи благодарност кон организаторите и кон сите учесници кои денеска се вклучија во акцијата.

Настанот е спроведен со цел подигање на јавната свест за важноста од зачувување и обновување на шумите, кои се клучен фактор за здрава животна средина и одржлив развој.
Нашата јавност, судејќи според интересот и посетеноста на настанот, позитивно реагира на ваквите иницијативи, кои претставуваат одличен пример за соработка помеѓу институциите, локалната заедница и граѓаните.


