Во напредна фаза се активностите за реконструкција на главната водоводна линија, со цел обезбедување на поквалитетно и континуирано снабдување со чиста и здрава вода за пиење на жителите од селата Тодоровци и Луковица.

Водоводот во овие рурални средини од Општина Македонска Каменица опфаќа вкупно 54 домаќинства, кои досега се соочуваа со потешкотии и проблеми со водоснабдувањето. Со оваа реконструкција од 700 метри и со претходно извршената активност на водоводната линија во должина од 800 метри, жителите на Луковица и Тодоровци сега добиваат трајно и одржливо решение за овој основен животен ресурс.
Со оваа инвестиција, Општина Македонска Каменица уште еднаш потврдува дека вложувањето во локалниот развој е приоритет, а подобрувањето на квалитетот на живот за сите граѓани е основна цел во нашето работење.

