Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ целосно го спроведе проектот за замена на дотраените и неквалитетно поставени прозори на дел од првиот кат во училиштето.

Со оваа интервенција се обезбедува значително подобрување на енергетската ефикасност, високо ниво на топлотна и звучна изолација, долготрајна отпорност кон атмосферски влијанија и сигурност во објектот.
Инвестицијата е дел од заложбите на Општина Македонска Каменица за подобрување на условите за работа и учење во образовните институции, како и за заштита на животната средина преку намалување на енергетските загуби. Подолжуваме со реализација на проекти кои непосредно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на сите наши сограѓани.


