Македонска Каменица, 11. Декември 2024 година – Проектот за инсталација на 32 инвертер клими во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ е успешно завршен.

– Инвестицијата е уште еден чекор напред кон остварување на нашата визија за модерна и енергетски ефикасна Општина Македонска Каменица, -вели градоначалникот Атанасовски, кој дополнува дека “новите клима уреди обезбедуваат пријатна и комфорна атмосфера за учење и работа во сите училници и кабинети во училиштето и придонесуваат за значителни заштеди на енергија”.

Со оваа интервенција, како што дополнува Атанасовски, не само што се подобрува квалитетот на образованието, туку значително се намалува и негативното еколошко влијание кон животната средина. Ова е само еден од многуте реализирани проекти со цел да се подобрува квалитетот на живот на сите наши сограѓани.
