Македонска Каменица 26. Ноември 2024 година – Општина Македонска Каменица распиша Јавна набавка за изградба на фекална канализација во селата Луковица и Тодоровци. Станува збор за нов чекор напред во реализацијата на долгорочниот план на Општина Македонска Каменица за подобрување на условите за живот во сите населени места општината.

– Со оваа инвестиција, ќе биде изграден дел од Крак 5 од канализациониот фекален систем, со кој во иднина, покрај домаќинствата од Луковица и Тодоровци ќе бидат опфатени и домаќинствата во село Косевица. Изградбата на овој инфраструктурен проект значи решавање на еден од најгорливите проблеми на жителите на овие села, со обезбедени современи и хигиенски услови за живеење и спречување на понатамошно загадување на животната средина, – истакнува градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски
Средствата за реализација во износ од 2.669.491,00 денари без ДДВ се обезбедени од Буџетот на Општина Македонска Каменица. Рокот за реализирање на проектот е 180 денови од денот на потпишување на Договорот за изградба.
Паралелно со овие активности за изгадба на фекална канализација во Луловица и Тодоровци, интензивно се работи на изградба на фекална канализација за поврзување на село Моштица и приградската населба Павлиш Дол со канализацијата во урбаниот дел на Македонска Каменица, како и изградба на главен колектор за отпадните води од овој дел на Општината.
Атанасовски, на крајот од соопштението за јавност објавено на социјалните мрежи додава, дека Општина Македонска Каменица останува посветена на работењето за континуиран и забрзан развој за подобрување на условите за живеење на сите граѓани на Македонска Каменица, притоа изразувајќи уверување, дека со заеднички напори ќе успееме да изградиме уште поубава, посовремена и развиена Македонска Каменица.
Линк до објавениот оглас на Бирото за јавни набавки: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR14OzGObjTMqO-6jwCJ215NfkRXdD-L1o9ghRt2gd2XI8d3tv4RS2YgZok_aem_PwkXDg3e3Ig_fHDsAxanGA#/dossie/acdb2fe1-551b-465f-b571-e128b21f97da/14
Општина Македонска Каменица #Општина #МакедонскаКаменица #модерна #развиена #екологија #чистасредина #современа #модерна

