Македонска Каменица, 28. Октомври 2024 година – Општина Македонска Каменица во соработка со ЈП Камена Река и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, започнаа со уредување на просторот околу зафатот за вода на м.в Јуручки гробишта, со цел обезбедување на почиста и безбедна вода за пиење.

– Благодарение на успешната соработка помеѓу Јавното претпријатие Камена Река – Македонска Каменица и Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, со поддршката на USAID, започнавме активности за реализација на проектот за уредување на просторот околу зафатот за вода на м.в Јуручки гробишта, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски

Оваа инвестиција, дел од проектот „Направи разлика“, претставува уште еден чекор напред кон подобрување на условите за живот во општина Македонска Каменица. Граѓаните, во иднина ќе имаат почиста, безбедна и здрава вода за пиење.
– Ве уверувам дека со посветено работење, заеднички ќе постигнеме значителни резултати кон подобрување на здравјето и благосостојбата на сите граѓани на општина Македонска Каменица и ќе успееме да поставиме темели за одржлив и забрзан развој на нашата заедница, – додава Атанасовски на крајот од соопштението за јавност
Ј.П Камена Река Општина Македонска Каменица Фондација за развој на локалната заедница – Штип USAID #lokalwork #заедно #развој #иницирај #промени #реализирај

