Македонска Каменица, 24. Октомври 2024 година – Општина Македонска Каменица започна постапка за спроведување на Јавна набавка за зимско одржување на локалните патишта на целата територија на општината.
– Целта на Јавната набавка е зголемување на мобилноста и безбедноста во сообраќајот на сите граѓани, без исклучок. Одржувањето и проодноста на локалните патишта и улици е од витално значење за сите наши граѓани, особено за жителите од најкрајните планински населени места, каде движењето значително е отежнато поради обилни врнежи од снег, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски, кој потенцираше дека „Пристапот до домовите на граѓаните, како во урбаната, така и во селските средини, останува приоритетен и клучен сегмент во нашето работење“.

На крајот од текстот на соопштението за јавност е објавен и линкот до огласот на Јавната набавка која предвидува Набавка и испорака на ризла и сол за зимско одржување на локалните патишта и Чистење на снег и снежни наноси и посипување со сол и ризла на локалните патишта во општина Македонска Каменица за зимска сезона 2024-2025 година:
