Македонска Каменица, 21. Октомври 204 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски оствари успешна работна средба со претставници на Источен плански регион, посветена на изнаоѓање на најпогоден начин за спроведување на третата и последна фаза од проектот за поставување на фотоволтаични централи на Дом на култура, Дневен центар за лица со посебни потреби и Куќа на спортот во Македонска Каменица.
– Клучни предности од реализацијата на овој проект за Македонска Каменица, како што оценува градоначалникот Димчо Атансовски, се намалување на трошоците за електрична енергија и заштеда на значителни средства за други важни инвестиции во нашата општина. Заштита на животната средина со производство на соларна енергија. Намалување на емисиите на штетни гасови за зачувување на природните ресурси и подобрување на квалитетот на живот со почист воздух и одржлива енергија за подобар квалитет на живот за сите граѓани на Македонска Каменица.
Со имплементацијата на овој проект постигнуваме значајни резултати кон целосното преминување на Македонска Каменица кон чисти и обновливи извори на енергија и уште еден чекор кон создавање одржлива иднина за нашата општина и целиот регион. Оптимисти сме дека Македонска Каменица ќе биде пример на добра практика во областа на енергетската ефикасност и заштита на животната средина, – стои на крајот од соопштението за јавност објавено на официјалните налози на социјалните мрежи на градоначалникот Димчо Атансовски

