Наместо полно плато со дечиња во редица кои исчекуваат да влезат и да ги видат животните, денеска граѓаните налетаа на затворена врата каде што ги пречека ова известување кое што вели поради техничко оперативни работи дека зоолошката не работи.
А, позади затворената врата десетина вработени од АХВ облечени во скафандери и со маски со пушки усмртија 35 птици, а дел од нив живи ги складираа во канти за отпадоци, што може да се види од видеата што ги испратија од ЗОО – Скопје
Атмосфера – пукање, фрлање и фаќање на гуски
Од АХВ преку соопштение информираа дека причината за ваквата постапка е детектиран високопатоген птичји грип Х5Н1 кај угината гуска што била пронајдена мртва во езерцето во Зоолошката… Според протоколите, зоолошката ќе остане затворена за посетители три недели започнувајќи од денеска, период во кој ќе се врши дезинфекција, испитување на другите птици и зголемување мерките за да се спречи ширењето на вирусот.
Во текот на денешниот ден од страна на надлежен официјален ветеринар спроведен е надзор во Зоолошката градина и наредени се мерки за надзор на болеста, а извршено е хумано убивање и нештетно отстранување на следните видови птици: 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка која била присутна на локацијата. Наредени се мерки согласно законот за ветеринарно здравство и правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на болеста Авијарна инфлуенца. – АХВ
Целата вест ОВДЕ.
