Македонска Каменица, 30. Септември 2024 година – Со цел спречување на појава на пожари во станбени објекти, Јавното претпријатие ,,Камена Река” започна со редовно чистење на оџаците на објектите за колективно домување во Македонска Каменица
Претходно, ЈП Камена Река упати Известување во кое апелира граѓание да ги следат насоките дадени од претпријатието.

Известувањето од ЈП Камена Река ви го пренесуваме во целост:
ЈП Камена река М.Каменица Ве известува дека започна со чистење на оџаците по колективните станбени згради.
Доколку станарите на некоја од зградите не сакаат да се изврши чистење на оџаците, претставник од зградата треба да го извести јавното претпријатие.
Истовремено од Јавното претпријатие ги замолуваат станарите, за време на чистењето на оџаците да не ги палат печките за греење. За услугата со чистење на оџаци се должни да платат надоместок на давателот на услугата – ЈП Камена река М.Каменица. надоместок кој ќе биде наплатен со сметката за комунални услуги.
Корисниците на услугата (чистење на оџаците) ќе бидат известени ден пред да биде извршено чистењето, по претходно утврден распоред.
Обврска на станарите на колективните станбени згради е да ги исчистат чистачите на оџаците, во спротивно ЈП Камена река М.Каменица нема да сноси никаква одговорност.
Одговорно лице Митко Анастасовски 078 304 838


