Македонска Каменица, 20. Септември 2024 година – Со средства обезбедени од Светска банка преку Проектот за изградба на локална патна инфраструктура, општина Македонска Каменица ги започна градежните работи за реконструкција на една од најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица, улица Осоговска.

– Предвидено е реконструкцијата да опфати 747 метри должина од улицата. Во моментов се изведуваат активности за отстранување на горниот слој од асфалтот, по што следуваат останатите фази од проектот и асфалтирање на улицата, – вели градоаначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски во соопштението за јавност објавено на социјалните мрежи

Свесни сме, се вели во продолжението на текстот од соопштението, дека градежните работи можат да предизвикаат одредени тешкотии во сообраќајот, но Ве молиме за ваше разбирање и соработка во текот на периодот на реконструкција. Од економскиот оператор „Коле Транс“ како изведувач на градежните работи добив уверување дека екипите на терен ќе се потрудат да ги сведат на минимум сите непријатности и завршување на работите во најкус можен рок, – додава Атанасовски
Реконструкцијата на улица Осоговска е само еден од многуте проекти кои ги реализираме со цел подобрување на функционалноста на патната инфраструктура во Македонска Каменица.
Градоначалникот Атанасовски, изрази верување дека оваа инвестиција ќе обезбеди подобри и побезбедни услови во сообраќајот и ќе придонесе за поквалитетен живот на сите граѓани на нашата општина.

Срествата, во висина од 6.394.685,оо денари потребни за реконструкција на улица Осоговска, во целост се обезбедени од Светска банка преку Проектот за изградба на локална патна инфраструктура.

